1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што заслужува место во музеј?

18 јануари 2012

Тоа е како во фудбал. Некои слики се прв избор, некои „чмаат“ на клупата за резерви, вели директорот на музејот Валраф- Рихарц од Келн кој деновиве прикажува изложба на богатствата од музејските подруми, и учи од тоа.

https://p.dw.com/p/13lIU
Изложбениот простор во музејот Валраф- Рихарц во КелнФотографија: picture-alliance/dpa

За неколку денови повторно се враќаат во подрум. Повеќето слики кои сега можат да се видат на изложбата „Паноптикум- тајното богатство на Валраф“ ќе бидат вратени во складиштето на музејот. Таму се наоѓаа и порано на големи подвижни паноа. Директорот на музејот Валраф- Рихарц, Андреас Блим објаснува зошто стотици слики повторно се враќаат во подрумите: „Најважната причина е таа дека немаме доволно простор трајно да ги изложиме“.

Изложени само 25 проценти од сликите

Речиси сите музеи во Германија, па така и во светот на публиката и покажуваат само мал дел од својето богатство. Во музејот Валраф- Рихарц кој неодамна прослави 150 години постоење и по тој повод ја организираше изложбата „Паноптикум“, постојат околу 2000 слики. Само една четвртина од нив е дел од трајната поставка а останатите се наоѓаат во складиштата. Андреас Блим вели дека таа стапка од 25 проценти и не е толку лоша , бидејќи постојат музеи кои имаат далеку помалку изложбен простор. Како се одлучува што ќе и биде прикажано на публиката а што останува во подрум? Токму донесувањето на таа одлука е вистинска уметност, вели Андреас Блим.

Ausstellung Panoptikum im Wallraf-Richartz-Museum in Köln
Експонати на изложбата „Паноптикум“ во музејот Валраф- РихарцФотографија: picture-alliance/dpa

Но постојат и други причини за неизложување на определени експонати. Многу слики одамна ги немаат напуштебо подрумите бидејќи едноставно повеќе не одговараат на вкусот на времето или на уметничките критериуми. Но вкусовите од време на време се менуваат. Како пример Блим го наведува „академското сликарство “ од 19-от век кое беше потиснато од импресионизмот. Тој смета дека тие дела повторно би можеле да и‘ бидат прикажани на публиката. Некои од нив се изложени во рамките на „Паноптикум“. Тоа се многу големи формати, сцени од официјалната политика во тоа време или пак од верскиот живот.

Да се задоволат и стручњаците и публиката

Кој денес сака да гледа огромни слики на Богородица или царски крунисувања ако може да погледа изложба на големите импресионисти? Од другастрана смета Блим, не смее да се допушти да се изложуваат само популарните сликарски дела. Овој музеј во Келн кој поседува и голем број импресионистички дела мора да води сметка и за врамнотежениот избор на експонатите, бидејќи на изложбите се сака барем делумно да се прикаже пресек на целата историја на уметноста.

Ausstellung Panoptikum im Wallraf-Richartz-Museum in Köln
Експонат на изложбата „Паноптикум“ во музејот Валраф- РичарцФотографија: picture-alliance/dpa

Инаку музејот Валраф- Рихарц неодамна спроведе анкета меѓу неговите посетители за нивните најмили слики. На изненадување на кустосите победи најголемото изложено дело, сликата на Валтер Филрес „Прости ни ги гревовите“, на која е претставена сцена од селскиот живот во 19-от век. Се раководи ли музејот според резултатите од такви анкети? Дали е тоа формулата за „демократски музеј“? „И да и не“, вели Андреас Блим . Тој додава дека од еднастрана политиката мора сериозно да биде сфатена но од другастрана музејот не треба да се раководи само според вкусот на најголемиот дел од публиката. „ Треба да се најде компримис“, вели директорот на музејот Валраф- Рихарц. Тоа е очигледно и нишката на изложбата „Паноптикум“- да се претстави уметност за да се задоволат и експертите и публиката.

Автор: Јохен Киртен/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска