1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што очекуваат интелектуалците од Обама?

Паскал Фишер28 јануари 2009

Политичарите, еколозите, стопанствениците очекуваат многу од новиот претседател на САД, Барак Обама. Но тие не се единствени. Големи надежи во него, по неславната ера на Џорџ Буш, полагаат и интелектуалците и уметниците.

https://p.dw.com/p/Ghk9
Насловната страна на книгата на Барак Обама „Соништата на мојот татко“Фотографија: Crown Publishers

Класична музика, џез, читање на поезија. Сите овие работи интелектуалецот Барак Обама може да ги замисли во Белата Куќа. Токму поради ваквиот негов став импресивен е бројот на списокот на автори кои се залагаа за негова победа на изборите. Меѓу нив се Филип Рот, Џумпа Лахири и Џон Апдајк. Кристијан Вилман, главниот уредник на магазинот за поезија во Њујорк Тајмс, изјави дека самиот факт што еден поет читал песни за време на инаугурацијата на Обама, било нешто посебно.

US Lyrikerin Elizabeth Alexander trägt Gedicht bei Obamas Vereidigung vor
Поетесата Елизабет Александер прочита песна за Обама за време на чинот на свечената инаугурација на новиот претседател на САДФотографија: picture-alliance/ dpa

Обама поседува креативна фантазија

Интелектуалците во вакви случаи обично се игнорирани. Меѓутоа песната на Елизабет Александер ја слушна цел свет.

„ Името на Обама не се појавува во оваа песна. Станува збор за заеднички момент. Се обидов да најдам заеднички тон кој не потсетува дека заедничкото работење и жртвите не донесоа до оваа точка и дека тие и натаму ќе бидат неопходни„

Времето на непријатни лапсузи на Џорџ Буш, кои за многумина претставуваа симбол на недостаток на интелект, се минато. Тони Морисон на пример, беше воодушевена од книгата на Обама „Сништата на мојот татко“. Таа изјави дека Обама поседува способност за размислување, креативна фантазија, брилијантност, мудрост. Многумина се надеваат дека ваквиот дух тој ќе го внесе и во конкретните политички реформи.

Toni Morrison
Американската писателка, добитничка на Нобеловата награда за литература, Тони Морисон го фали писателскиот стил на ОбамаФотографија: dpa

Владата на Буш многу и наштети на сликата на САД во странство

Дејна Џоја, претседател на Заводот за унапредување на културата предупреди на опасноста од образовната политика, во која нема култура.

„ Во основните училишта бевме пасивни. 40 милиони деца немаа настава по уметност, што остави културни и политички последици„

САД не би требало да настапуваат во светот само како воена и економска сила. Тие треба да вложат напори и околу културната размена со останатите земји. Со многу држави САД сеуште немаат дипломатски односи. Писателката А.М. Хомс вели:

„ Минатата влада направи голема штета кога станува збор за нашата слика во странство и нашите основни правила. Се надевам дека многу нешта ќе се променат на подобро“.