1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што очекува Грузија од самитот на ЕУ?

1 септември 2008

Шефовите на држави и влади на ЕУ денеска во Брисел на вонредна средба разговараат за кризата на Кавказот и идните односи меѓу Унијата и Русија. Што Грузијците очекуваат од вонредниот самит?

https://p.dw.com/p/F8Im
Плакат во Грузија против РусијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Очекувањата на Грузијците од самитот во Брисел се големи Кети Кудзишвили е наставничка во Каспи, мал индустриски град северозападно од Тбилиси, место кое неколку денови беше запоседнато од руската армија „Мислам дека има само еден излез: санкции против Русија. Ги слушате интервјуата што ги даваат Путин и Медведев. Тие од ништо не се плашат. Дури ни строги економски санкции не може да ги приземат руските политичари.“

Санкции против Русија бараат и членовите на грузиската влада. Бату Кутеила, заменик министер за одбрана „Не сме во позиција да ги искажеме нашите очекувања, но гледаме дека Европа и демократскиот свет сега е обединета во однос на руската агресија против една суверена држава. Сигурен сум дека ќе има соодветни мерки за да се принуди Русија на примирје.“

Како ќе изгледа финасиската помош?

Како треба да изгледаат соодветните мерки не сака да каже. Грузија е претпазлива и за прашањето колку би требало да изнесува финансиската помош од ЕУ. Заменик министерот за надворешни работи на земјата Каландадзе истакнува „Очекуваме колку што Европската унија може да издвои. Не утврдуваме суми сами.“ вели заменикот министер и дополнува дека ќе се формира заедничка комисја, по што ќе се подготват проектите за обнова. Станува збор за помош за околу 4-5000 бегалци и поправка на инфраструктурата.

Грузија треба да биде подемократска

Но поважно од самитот на ЕУ е наредниот самит на НАТО смета опозициониoт политичар Паата Тсакареишвили „Истовремено Западот мора да ја принуди Грузија да стане подемократска. Грузија има шанса, ако се оддржат слободни избори, има независни судови, локална самоуправа, независен парламнент, транспарентен буџет. Власта на претседателот да се ограничи, воениот буџет да се намали. Европа мора да ја обврзе земјата со овие работи.“ вели опозициониот политичар и доплнува дека на вонредниот самит Европејците не треба да се задоволат со декларации и донации, туку поконкретно да погледнат во регионот.

Мировна мисија без руски војници

Очекувањата на владаат од самитот се претежно во правец воена соработка. Грузијците радо би сакале да видат меѓународни трупи во земјата во чиј состав нема руски војници, најдобро европски чувари на мирот. Но во прва линија ЕУ би требло Русија да ја наведе да ги повлече своите трупи од централна Грузија, смета заменикот министерот за надворешни работи Каландадзе „ ... тоа засега е најважното. Инаку ништо не може да се стори. Тоа е појдовна позиција, зошто ниту ние ниту ЕУ не ќе може нешто да направиме.“