1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што побргу до алтернативни енергии

2 јуни 2004

Интервју со Франк Умбах нафтен експерт од германскоот друштво за надворешна политика за цените на нафтата и обезбедувањето енергија за западниот свет.

https://p.dw.com/p/AeR6

“Ситуацијата не е нова. Имавме сосема слична ситуација уште во 1973 година кога западните влади иницираа цела низа економски и политички стратегии за да ја редуцираат зависноста. Еден дел од тие одговори за жал е заборавен и премногу сето се потпира врз пазараните сили. Притоа се исклучуваат политичките фактори, имено дека токму 90 насто од нафтените резерви се наоѓаат во исламскиот свет, а персискиот Залив е регион на политичка нестабилност која веројатно и ќе расте како што произлегува од многу анализи. И затоа верувам ќе постојат големи ризици во идното обезбедување на западните потреби од енергија“.

Запрашан за тоа како политиката може да реагира на заканите високите цени на нафтата да го загрозат очекуваниот економски пораст не само во Германија, Умбах вели:

“Како што реков, дел од мерките преземени по 1973 година по првата нафтена криза важат и денес. Диверсификација на енергетските ресурси и извори. Тоа значи: Германија на пример, сега ја напушта атомската енергија. Пред заднината на политичката зависност од нафтата, пред се од регионот на Персискиот залив, според мене таквото решение не е среќен избор, посебно до 2020 година кога ние сосема треба да ја напуштиме таа енергија без да сме сигурнио како ќе ја компензираме. Истовремено мораме да инвестираме во алетрнативни енергии за тие да бидат на располагање порано со што би ја совладале зависноста од нафтата“.

Умбах за тоа кои се алтернативите за нафтата смета:

“Енергијата добиена од ветерот во Германија веќе игра важна улога. Соларната енергија сигурно во други региони и држави ќе игра важна улога. Меѓутоа, пред се во водната енергија има големи перспективи во наредните години, па и автомобилите во иднина во еден дел ќе бидат движени од вода.Тоа тогаш нема да се однесува само на индустриските земји, туку и на Кина во која доживува бум дозволувањето на влез на автомобили, што сигурно ќе води оваа зависност од нафтата барем да се ублажи“.