1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што се` (не) направи седмиот собраниски состав?

15 април 2011

Двотретинско мнозинство за власта; бојкот на опозицијата; стотици закони донесени без нивно присуство, застој во решавањето на проблемот со Грција - по вчерашното распуштање на Парламентот, што ќе остане во сеќавање?

https://p.dw.com/p/10tpU
Фотографија: Petar Stojanovski

До последните минути од крајот на својот мандат пратениците се самопромовираа за следната номинација како избраници на народот. Редуцираната опозиција со критика за власта, мнозинството со потестување дека вонредни избори распишува коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со веројатно неповотoрливо апсолутно мнозинство, доволно дури и за промена на Уставот.„Потклекнавме пред притисокот на мала група ’комуњари’, кои го опструираа работењто на парлемнтот“, изјави Амди Бајрам, пратеник од власта, кој ќе биде запаметен по анегдотската полемика дека тој за СДСМ е „Кока-Кола бренд“

„Три мандати сум во парламентот и досега не сум видел толку бојкоти и опструкции од опозицијата“, вели Бајрам, пратеник на ромскиот електорат.

Сулејман Рушиди од Нова демократија за Дојче веле објаснува по што ќе го запамети последниот парлементарен состав: “ Се доведовме во парадоксална ситуација, незабележана во демократската пракса - да имаш двотретинска, апсолутна власт, да можеш и Устав да менуваш, а сепак да одиш на предвремени избори, со брзање на власта. Тоа е знак дека популарноста на ВМРО-ДПМНЕ опаѓа и ги очекуваше сигурен пораз, доколку изборите беа редовни – догодина“.

Парламентот беше виситнски законодавен дом, со забрзано темпо на усвојување на европските правила и норми. Но, Павле Трајанов од владејачката коалиција, вели дека е „жалосно што власта и опозицијата не беа расположени да се усвои заедничка стратегија за побрзо решавање на грчко-македонскиот спор, иако имаше повеќе иницијативи, од декларација, па се` до идејата на Демократскиот сојуз за фазно решавање на конфликтот меѓу Скопје и Атина“.

Грција е виновна за европскиот застој?

Parlamentsgebäude in Mazedonien
Собраниската сала од денеска празнаФотографија: aptn

Лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, вчера во Парламентот истакна дека нема да се повтори поволниот тајминг и политички распоред по парламентраните избори 2008 година, „да имаме над 80 пратеници од власта, претседател од опозицијата и да се усогласиме за конечна разврска на спорот околу името, силна поддршка од Американците по самитот во Букурештг. И не може сега да ветувате решавање на ова клучно прашање за иднината на земјата со далеку пофрагментиран парламент, што се очекува по јунските избори.“

За разлика од Манасиевски, Силвана Бонева не гледа вина кај власта, која и натаму е за преговори со Грција, но не по цена на идентитетските прашња. „Добивме визна либерализација, два позитивни извштаи од ЕК и препораки за претпристапни преговори со Унијата, но знаме дека Грција не` блокира.“

Четиристотини закони донесени без опозиција

Во изминатите три години беа донесени 1200 закони и 1500 амандмани од пратениците, од кои 60% беа усвоени. Едни пратеници се задоволни, други критички расположени. Меѓу редовните хроничари на настаните во законодавниот дом беа и искусните собраниски известувачи Зоран Фидановски (ТВ Алфа) и Беким Мурати (Журнал).

„За мене настани што се паметат се четиристотините закони, донесени без опозиција и извинувањето на спикерот Вељаноски пред дипломатскиот кор дека тоа во иднина нема да го прави“, се присетува Фидановски, додека Мурати вели: „Поради ибрзани постапки многу неквалитетни законони и промени беа прогласувани како противуставни и поништувани.“

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt Ivan Stoijkovic im Parlament
Околу 60 насто од пратениците повторно ќе бидат кандидираниФотографија: Petr Stojanovski

Првите проценки говорат дека најмалку 60 насто од постојните пратеници ќе бидат рекандидирани на партиските листи. Дали посакува уште еден мандат, го прашавме Горан Мисовски од НСДП, чии пратеници солидарно со СДСМ, го замрзнаа својот мандат и повеќе од четири месеци апстинираа од присуство во Парламентот.

„Секој, кој помирисал од парламентарната атмосфера, ќе ве излаже ако ви рече дека не сака нов мандат. Да, јас посакувам“, признава за Дојче веле Мисовски.

По официјалното распишување на изборите за 5. јуни, владата дејствува како техничка, партиите, до 5. мај, треба да ги комплетираат пратеничките листи за шесте изборни единици, а до стартот на кампањата на 15. мај треба да се отворат и посебни жиро-сметки за нејзино финансирање.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема