1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што читаат младите?

27 декември 2010

Што читаат младите кога ќе претанат да ги интересираат книгите за деца? Како ги бираат книгите? Одговор на тоа прашање може да се најде во Литературното здружение за млади во Келн.

https://p.dw.com/p/QfSt
Фотографија: picture alliance/dpa

„Дали некој слушнал за данската писателка Јане Телер?“

„Да, јас.“

„Ута слушнала.“

„Имам четири примероци, кој сака може да прочита? И секако да пишува за книгата...“

Саша Праншке е раководител на Литературното здружение за млади во Келн и на онлајн редакцијата на книжевното списание „Мојата тетратка“. Неколкумина млади помеѓу 14 и 18 години се собираат секоја седмица и разговараат за книги. Пишуваат приказни, коментари и рецензии на книгите.

Лена и Енка, кои имаат 18 години и Ленарц кој има 14 години, објаснуваат на кој начин ги бираат книгите кои сакаат да ги прочитаат и да пишуваат за нив: „Јас често за некоја книга ќе слушнам од пријателите. Така добивам сопствено мислење кое ми е важно.“

„Јас одам во книжарница и гледам наслови. Читам неколку реченици на почетокот и на средината од книгите, и ако ми се допадне ја земам.“

„Во последно време избирам наслови за кои се зборува на литературните вечери на книжевните здруженија. Доволно е да ја прочитам месечната програма на здруженијата.“

Авторите грешат кога го имитираат јазикот на младите

Angelika Schwall-Düren Polen Bücher Regal
Фотографија: DW

Членовите на редакцијата на списанието „Мојата тетратка“ се многу самоуверени млади читачи кои не бираат само книги за нивната старосна група. Освен тоа, имаат различни вкусови за книжевност.

„Сметам дека книгите за млади не се некоја одвоена територија. Пред се’, тука се работи за меѓупростор помеѓу литературата за деца и книгите за возрасни. Јас кога бев дете читав книги за возрасни, и сега се’ уште читам книги за млади“, вели 18-годишната Антонија.

„Мислам дека авторите на книгите за млади не би требало да се обидуваат да го имитираат јазикот на младите. Освен тоа, во книгите многу често читаме за девојки кои многу млади остануваат бремени, за умирање на росители или алкохолизам. Се добива впечаток дека младите имаат само проблеми. Авторите мислат дека ги знаат проблемите со кои се соочуваат младите, а тоа во повеќето случаи не е вистина. Младите сакаат да читаат забавни книги, кои сепак мораат да бидат и информативи, објаснува 17-годишниот Васили.

Моментално кај младите читатели високо котираат книгите за вампири и анѓели. Претходно популарни беа книгите за магија и волшебство...

Автор: Верене Шпекс Лудвиг/ Владимир Калински

Редактор: Александра Трајковска