1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штраус-Кан иден шеф на ММФ?

8 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDhN

Францускиот претседател Никола Саркози го предложи поранешниот социјалистички министер за финансии Доминик Штраус-Кан за иден претседател на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Сегашниот шеф на таа меѓународна финансиска институција Родриго Рато најави дека ќе се повлече од функцијата во октомври. По традиција, Американците го даваат претседателот на Светската банка, додека на чело на ММФ стои Европеец.