1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкот на пилотите ја „приземји“ „Луфтханза“

22 февруари 2010

Од полноќ почна штрајкот на пилотите во „Луфтханза“. Причина е обезбедување на работните месата и влијанието на пилотите врз политиката на концернот. На германските аеродроми се анулирани голем број летови.

https://p.dw.com/p/M7Vg
Фотографија: AP

Штрајкот на пилотите во Германија може да се развие во најголема борба за работничките права која „Луфтханза“ ја видела досега. Синдикатот на пилотите „Кокпит“ повика повеќе од 4.000 пилоти на авионите на „Луфтханза“, како и на нејзината фирма-ќерка, „Џерманвингс“ и „Луфтханза карго“ до четврток да ги приземјат авионите.

Само „Луфтханза“ во наредните денови ќе откаже најверојатно 3.200 летови. Летовите од странство кон Германија, пилотите ќе ги реализираат, но потоа ќе ги паркираат авионите. Некои странски авиокомпании најверојатно ќе ангажираат поголеми авиони, за да можат да ги прифатат патниците, чии летови се откажани. Меѓу нив има и компании, како „Свис ер“, кои се членки на мрежата „ Стар алијанс“, кон која припаѓа и „Луфтханза“. Концернот смета дека загубите поради штрајкот на пилотите ќе изнесуваат околу 100 милиони евра и за до четврток подготви вонреден план на летање.

„Луфханза“ во наредните денови ќе спроведе една третина од редовните летови, со помош на пилотите кои работат во менаџментот. „Џерманвингс“ ќе реализира две третини од летовите, и покрај штрајкот. За патниците чии летови се откажани, „Луфтханза“ и „Џерманвингс“ нудат бесплатно сторнирање и пребукирање. Од летовите во Германија патниците се упатуваат на железничкиот превоз. Утрово на аеродромите во Германија сепак не е регистриран хаос, многумина патници претходно беа известени. Германските железници воведоа вонредни линии на дестинациите меѓу поголемите градови.

Deutschland Verkehr Lufthansa Streik ab Montag Pilot
Пилотите не попуштаатФотографија: AP

Неприфатливи предуслови за пилотите

Концернот „Луфтханза“ не се согласува со барањето на синдикатот на пилотите, германското тарифно право да се прошири и за пилотите од странство. Штефан Лауер од персоналната управа на „Луфтханза“ вели дека концернот е подготвен да им издаде гаранција за работните места на пилотите до 2012 година. Портпаролот на синдикатот на пилотите, Јерг Хандверг вчера вечер изјави:

„За жал, раководството на концернот не е во состојба да води разговори без предуслови, кои би воделе до укинување на постоечките тарифни преговори, тоа не можеме да го прифатиме.“

Синдикатот на пилотите имено стравува дека работните места на високоплатените пилоти на „Луфтханза“ сукцесивно ќе се пренесуваат во странство. Министерот за транспорт и врски на Германија Петер Рамзауер вчера не успеа во обидотот да посредува меѓу синдикатот и концернот „Луфтханза“ за надминување на конфликтот. Раководството на „Луфтханза“ изрази подготевеност за раговор без предуслови и истовремено побара од пилотите да го повлечат каталогот со барањата, потоа брзо ќе може да се постигне согодба, смета шефот на „Луфтханза“ Волфганг Мајрхубер. Синдикатот пак добива впечаток дека „Луфтханза“ не сака да преговара.

Автор: АТ/СН/дпа/ртр/апн

Редактор: Жана Ацеска