1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк во Амнести интернешнал

Александар Методијев/ап/бета17 октомври 2012

Десетици вработени во Амнести интернешнл денеска одбија да се појават во канцелариите во Лондон, а кон штрајкот се приклучија и најмалку четири други земји, во знак на протест за отпуштањето работници од организацијата.

https://p.dw.com/p/16RQZ

Вработените се незадоволни од тоа како менаџментот се справува со делењето откази во организацијата за човекови права. Менаџментот веќе најави дека ќе отпушта вработени со цел реорганизирање на Амнести. Работниците велат дека Амнести интернешнал ги променила правилата за отпуштање од работа.

Менаџментот, спротивно на тоа, тврди дека ги почитува правата на работниците, како што е и правото на штрајк, но сепак нагласи дека само една третина од вработените во оваа организација за човекови права денеска излегле на штрајк.

Групата во својата изјава подвлекува дека мора да го промени начинот на кој оперира за да може да биде поефективна. Тоа подразбира и преместување на централизираната база од Лондон, каде работат 500 луѓе, во десет други регионални центри, кои се поблиску до областите во кои се кршат човековите права.

Денешниот еднодневен штрајк во најголем дел ги вклучи работниците кои се вработени во централата во Лондон.