1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на железничарите во Германија

15 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CE5B
Синдикатот на железничарите ГДЛ, го прошири штрајкот во регионалниот и сообраќајот на долги релации. Од раните утрински часови се штрајкува не само во товарниот туку и во патничкиот сообраќај. Се претпоставува дека посебно ќе биде огоден истокот на Германија, бидејќи најголем дел од машиновозачите се членови на синдикатот ГДЛ. Германски железници изработија алтернативен план, така што во сообраќајот на долги релации ќе возат две третини од возовите, а во регионалниот сообраќајот половина. Штрајкот почна вчера со блокада на товарниот сообраќај.