1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на железничарите во Германија

15 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CEBh

Синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, го прошири штрајкот и од раните утрински часови се штрајкува во товарниот и патничкиот сообраќај. Стотици илјади граѓани кои до работното место се превезуваат преку железничкиот сообраќај мораа да користат друго превозно средство. Германски железници изработија алтернативен план, така што во сообраќајот на долги релации ќе возат две третини од возовите, а во регионалниот сообраќајот половина.