1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на машиновозачите во Германија и Франција

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDn5

Во Германија започна штрајкот во товарниот шински сообраќај, а од утре доплнително ќе штрајкуваат и машиновозачите во регионалниот и сообраќајот на долги релации. Германски железници повторно го одбија барањето на синдикатот ГДЛ, за единствен тарифен договор. – Во Франција исто така е сопрен железничкиот сообраќај поради штрајк на вработените. Кон него се приклучија и соработниците на државните фирми за снабдување со гас и струја, како и вработените во градскиот сообраќај, што предизвика хаос по улиците. Протестите се насочени против планираната пензиска реформа на владата на претседателот Никола Саркози.