1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штутгарт му се приклучи на Бајерн во финалето на Купот

ЕМФ/дв18 април 2013

Противникот на Бајерн во финалето на Купот на Германија е најден - Штутгарт во полуфиналниот натпревар вчеравечер (17.04) го совлада Фрајбург со 2:1.

https://p.dw.com/p/18IQ8
Фотографија: Bongarts/Getty Images

Возбудлив полуфинален натпревар со двајца противници кои се бореа огорчено. На крајот од среќа зрачеа фудбалерите на Штутгарт. Со тесна, но заслужена победа од 2:1 против Фрајбург, тие се пласираа во финалето на Купот на Германија, каде ги чека Бајерн Минхен.

Головите беа дадени во првото полувреме, но сепак, се‘ до крајот беше напрегнато.

„Ова беше натпревар каков што очекував, возбудлива борба“, резимираше тренерот на Штутгарт Бруно Лабадиа, додавајќи: „Неверојатно сме среќни што одиме во финале.“

ФЦ Фрајбург првпат во својата историја се пласираше во полуфиналето на Купот. „Во првиот момент е грочливо, затоа што можевме да оствариме нешто извонредно. Разочарувањето е, се разбира, огромно“, изјави по загубениот натпревар офанзивниот ограч на Фрајбург, Јан Розентал. „Но, едноставно Штутгарт беше подобар, а ние не бевме доволно добри“, билансираше Розентал.