1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Шуми“ се враќа во Формула 1?

23 декември 2009

Божиќен подарок за љубителите на Формула 1. Според информации на онлајн изданието на весникот „Билд“, Михаел Шумахер ќе се врати на тркачките патеки.

https://p.dw.com/p/LBFK
Михаел ШумахерФотографија: AP

Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, кој на 3 јануари ќе наполни 41 година, треба да настапува за тимот на Мерцедес Гранд При. На 14 март 2010 година, 1240 денови по неговата 250-та трка во Формула 1, Шумахер, според весникот ќе се појави на стартната позиција. Според интернет изданието на весникот „Билд“ Шумахер, за кого со денови се вртат шпекулации околу можното враќање во Формула 1, потпишал договор на една година. За својот ангажаман, според извештајот популарниот „Шуми“ ќе добие седум милиони евра. Истата сума тимот на Браун ЏиПи, претходникот на тимот на Мерцедес Гранд При му ја понудил и на актуелниот светски првак Џенсон Батон. Но Британецот се одлучил да настапува за Мелкарен Мерцедес.

Официјална потврда за ова се’ уште нема, портпаролката на Шумахер Сабине Кем, на барање на агенцијата ДПА, не се изјасни за овие информации.

Автор: АТ/СН/дпа

Редактор: Жана Ацеска