1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100709 g8 klimaschutz

10 јули 2009

На последниот ден од Самитот на Г8 во Лаквила се разговараше за борбата против сиромаштијата и гладот. Една од најважните пораки од самитот е дека само заеднички може да биде постигнато придвижување.

https://p.dw.com/p/Ikob
Компјутерска симулацијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Најважните земји во економски подем, како Јужноафриканската Република и Бразил и најголемите индустриски нации во светот се согласија: Сите сакаат затоплувањето на климата да го ограничат на два степена целзиусови: „Проблемот не може да се реши на една средба. Но ние направивме важни чекори напред на патот кон Копенхаген. Не треба да истакнувам дека промената на климата е еден од проблемите на нашата ера. Резултатите од истражувањата и заклучоците од нив се јасни и не можат повеќе да бидат игнорирани,“ истакна американскиот претседател Барак Обама.

Вакви признанија од еден американски претседател се новина. Досега токму Американците ја кочеа борбата против загревањето на планетата. Меѓутоа ѓаволот лежи во деталите: Како да се оствари оваа цел, која земја мора да направи какви отстапки? За овие прашања се’ уште владее неединство.

Бан Ки Мун пледира за поконкретни договори

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека недостасуваат јасни изјави за спроведување на договореното. „Тие се согласија за граница од два степена целзиусови кога станува збор за порастот на температурата. Се согласија и за долгорочната цел за намалување на издувните гасови штетни за атмосферата за 50 проценти до 2050 година. Но многу е поважно лидерите на индустриски развиените земји да се договорат за среднорочни цели вклучувајќи во тоа и јасна финансиска конструкција,“ смета Бан Ки Мун.

За другите прашања нема единство. Во иднина поголема улога треба да игра Групата 20. Сите сакаат да соработуваат во справувањето со глобалните кризи.

Г8 демонстрираа единство

Logo G8 in Rom 2009
Г8Фотографија: picture-alliance/dpa

Што се однесува до седумте најразвиени индустриски земји и Русија, тие вчера демонстрираа единство кога станува збор за Иран. Сосема јасно беше осудено насилството против демонстрантите и беше изразена длабока загриженост поради случувањата во оваа земја. Во заедничка изјава лидерите на државите од Г8 му дадоа рок до септември на Иран да одлучи дали е подготвен за преговори за неговата спорна атомска програма: „Ние сето тоа го поврзавме со повикот до Иран, да ја прифати оваа понуда на државите за разговори и особено да го земе предвид фактот дека претседателот на САД, Барак Обама е подготвен да пристапи кон директни разговори“, порача германската канцеларка Ангела Меркел.

Францускиот претседател, Никола Саркози истакна дека и рускиот претседател Дмитри Медеведв покажал контруктивност за ова прашање.

Автор: Анке фон Лојен /Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема