1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓул ги предупредува курдските бунтовници

8 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bnfj

Еден турски војник загина а тројца се повредени во експлозија на мина во регионот Дијарбакир. Инцидентот е само ден по убиството на 13 војници во судирите со курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата. Претседателот Абдула Ѓул предупреди од жесток одговор на силите за безбедност и нагласи дека Турција со сите сили ќе го брани својот интегритет. Сеуште никој не ја презеде одговорноста за синоќешната експлозија на бомба во еден контејнер во Истанбул. Во инцидентот беа повредени пет лица, меѓу нив и еден полицаец.