1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѕвездите од Бундеслигата доминираат на листата на УЕФА

БГ/дв10 јули 2013

УЕФА ја објави листата на десетмина фудбалери кои конкурираат за престижната награда - најдобар играч во Европа за сезоната 2012/2013. Четворица се од Бајерн Минхен, а еден од Борусија Дортмунд.

https://p.dw.com/p/194yk
Фотографија: Reuters

Пет фудбалери од Бундеслигата се најдоа на листата со 10 имиња на Европската фудбалска унија, која во август ќе биде скратена на три имиња, а најдобриот играч за минатата сезона ќе биде прогласен на 29.август во Монако.

На листата со најмногу фудбалери е застапен актуелниот европски првак Бајерн Минхен – Томас Милер, Франк Рибери, Арјен Робен, Бастијан Швајнштајгер. Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски, чиј тим Борусија Дортмунд загуби во финалето на Лигата на Шампионите од Бајерн, е исто така номиниран.

DFB Pokalfinale Bayern München Borussia Dortmund Robert Lewandowski
Роберт ЛевандовскиФотографија: Reuters

Во конкуренција за играч на сезоната се наоѓаат и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и Лионел Меси од Барселона.

УЕФА оваа награда ја доделува од 2011 година, а досега ја освојувале Лео Меси и Андрес Иниеста.

Champions League FC Barcelona - AC Milan
Лео МесиФотографија: picture-alliance/dpa

Меѓу номинираните играчи се уште и Герет Бејл од Тотенхем, Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ, и Робин ван Перси од Манчестер Јунајтед.