1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јазикот побрз од разумот!

23 мај 2010

Организаторите на Експо 2010 во Шангај се жалат на малиот број посетители, кои сепак мора да стојат во редици и по два часа пред да стигнат до павилјоните. Пред германскиот павилјон имаше инциденти и извици-„Нацисти“.

https://p.dw.com/p/NS17
Германскиот павилјон на Експо во ШангајФотографија: Yovohagrafie, Deutscher Pavillon

До инцидентите дојде уште првите денови на Експо во Шангај. Изнервираните посетители пред германскиот павилјон започнаа да кинат цвеќиња пред изложбениот простор, некои извикуваа „Нацисти“, на кинески јазик. На една од соработничките и‘ ја нагазија ногата, вели Марион Конради, портпаролката на германскиот павилјон на Светската изложба:

„Тука не може многу да се стори, само да се одмавне со глава, нашиот персонал остана мирен.“

Deutscher Pavillon Expo Schanghai 2010 Flash-Galerie
Фотографија: Yovohagrafie, Deutscher Pavillon

Официјален протест

Веќе на 2 мај генералниот комесар на германскиот павилјон Дитмар Шмиц му упати протестна порака на Хуа Јундуа, генерален комесар на Експо, жалејќи се на неприфатливото однесување на посетителите, вклучувајќи и лични навреди и телесни напади.

„Се испостави дека ние не сме единствените, нашите проблеми беа соодветно примени на знаење“, истакнува Конради.

И во павилјоните на другите земји дошло до проблеми. Британскиот павилјон дури морал кратко време да биде затворен. Пред австрискиот и швајцарскиот исто така дошло до инциденти. Но, Клеила Канаи, портпарол на швајцарскот павилјон, е сигурна дека причината не е толку агресивноста на посетителите, колку нивната бројност и фактот што мора со часови да чекаат.

Deutscher Pavillon Expo Schanghai 2010 Flash-Galerie
Фотографија: Yovohagrafie, Deutscher Pavillon

Пропусти и на организаторите

Германскиот павилјон е достапен и за хендикепираните. Постои еден влез за инвалидизирани лица, лифтови, а во павилјонот нема бариери. И покрај тоа, хендикепираните лица мораат со часови да чекаат пред павилјонот, за што придонесуваат и организаторите на Експо, вели портпаролката на германскиот изложбен простор, Марион Конради:

„Експо им дава инвалидкси колички на сите лица над 70 години. Ние имаме одреден капацитет, не можеме да примиме 20 илјади посетители со инвалидски колички дневно.“

Во записниците на организаторите на Експо стои дека се бара решение за многуте проблеми. Одговорните во германскиот павилјон досега, пак, не добија одговор на протестното писмо до кинеските домаќини.

Автор: Кристоф Рикинг/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски