1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јакимовски се кандидирал со позајмен печат

Катерина Блажевска17 февруари 2013

Претседателот на Српската напредна странка во Македонија на раководството на СДСМ му потврдил дека останува во опозицискиот фронт и објаснил дека бил замолен да му го позајми партискиот печат на Стевчо Јакимовски.

https://p.dw.com/p/17fht
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Одлуката на Стевчо Јакимовски, член на СДСМ и градоначалник на Карпош да се кандидира на локалните избори во последен миг, не го наруши единството на опозицискиот блок, тврдат во СДСМ.

Генералниот секретар на СДСМ изрази задоволството што сите партии од опозицискиот блок ја испочитувале одлуката за бојкот на изборите.

11.2009 DW-TV Highlights November Stempel
Јакимовски поднел кандидатура со позајмен печат

„Со оглед дека опозицискиот блок покажа големо единство и компактност,  одлуката на Стевчо Јакимовски ја третираме како изолиран случај. Мотивите за неговата одлука набрзо ќе излезат на површина, а многу брзо со одлука на партиските органи и во согласност со статутот на партијата Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ. Впрочем, одлуката да се биде кандидат на Српска напредна странка во општина Карпош, самата доволно зборува за себе“, вели Петров.

Нема Србин на листата

Од СДСМ велат дека претседателот на Српската напредна странка во Македонија (СНСМ) Драгиша Милетиќ синоќа му се јавил на највисокото партиско раководство и им потврдил дека и натаму останува во опозицискиот блок и дека ја потврдува оставката на пратеничкиот мандат депонирана во СДСМ. Тој објаснил дека бил замолен од Стевчо Јакимовски само да му го даде партискиот печат на СНСМ, во име на претходна соработка и пријателска услуга.

„За тврдењето дека Српска напредна странка на Македонија само му го изнајмила печатотот на Јакимовски сведочи и факот што на листа на Јакимовски нема ниеден Србин, а има Албанци“, велат од СДСМ.

Branko Crvenkovski Radmila Sekerinska Zoran Zaev Wahlkampagne Parlamenstwahlen SDSM,
Заев тврди дека и тој бил под притисок од граѓанитеФотографија: MIA

Одлука под притисок

Само пред десетина дена, на 5 февруари, Стевчо Јакимовски за Дојче веле изјави дека нема да се кандидира на локалните избори.

„Непријатно е чувството кога имаш поддршка, а не сакаш да ја добиеш. Но, гордоста во мене и чувството каде оди државата ме тера да издржам до крај, да направам помала жртва, во име на поголеми приоритети“, изјави тогаш Јакимовски.

Што се сменило за десет дена? Ништо, освен што се зголемил притисокот, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица, кој не достави своја кандидатура за локалните избори.

„Му се јавив синоќа на Јакимовски. Ми кажа дека имал големи притисоци од вработените во администрацијата, од општината, од семејството. Сите сме, пред се’ луѓе, а потоа припадници на партии. И јас имав притисоци, но не потклекнав. Во вакви тешки момемти се гледа кој во што верувал и се залагал и каков потег ќе повлече на крајот“, вели Заев.

Законски покриен потег

Во јавноста се наметнува прашањето - може ли член на една партија да се појави на избори со печат на друга?

Gordana Siljanovska
Универзитетскиот професор Гордана Силјановска-Давкова вели дека Јакимовски и не мора да биде член на Српската напредна странка за да се кандидира на избориФотографија: DW/ Petr Stojanovski

Според Заев, законски е можно, ако одредена партија му ја даде довербата, односно партискиот печат и поптпис на кандидатурата.

Гордана Силјановска-Давкова, прафесорка на Правниот факултет, вели дека прашањето е повеќе етичко отколку правно. 

„Законот не решава со која партија ќе се кандидирате на изборите, ако се исполнети сите услови. Можеби Јакимовски станал член на СНСМ, но и не мора, бидејќи секоја партија може да кандидира личност за градоначалник или за советник за која смета дека ужива углед во јавноста. Веројатно Јакимовски тоа го сторил за да не ги разочара очекувањата на граѓаните во неговата општина“, вели Силјановска-Давкова.