1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанша и Јанковиќ под сомнение за корупција

АТ/ дпа/ бета9 јануари 2013

Министерот за надворешни работи на Словенија и претседателот на Парламентот бараат оставки од премиерот и од водачот на опозицијата поради недокажано потекло на пари на нивните приватни сметки.

https://p.dw.com/p/17GMB

Во Словенија изби владина криза по обвинувањата за корупција во првите редови на владата и на опозицијата.

Претседателот на Парламентот Грегор Вирант, чија партија е помал партнер во словенечката влада вчера во Љубљана побара оставка на премиерот Јанез Јанша и на водачот на опозицијата и градоначалник на словенечкиот главен град Зоран Јанковиќ.

Претходно Антикорупциската комисија соопштија дека премиерот и претседател на Словенечката демократска партија Јанез Јанша неможе да го докаже потеклото на 210.000 евра, додека претседателот на партијата Позитивна Словенија Зоран Јанковиќ неможе да го појасни потеклото на 2,4 милиони евра на нивните приватни сметки.

Исто така и министерот за надворешни работи Карл Ерјавец, чија Партија на пензионерите исто така е дел од владината колалиција, побара оставка на двајцата политичари. Доколку двајцата обвинети не ги стават на располагање нивните функции, уште повеќе ќе ја зголеми недовербата на граѓаните во политичарите во земјата, се вели во образложението.

Во последните месеци десетици илјади граѓани преку демонстрации го изразуваа незадоволството за наводно неспособните и корумпирани политичари во Словенија.