1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанша се залага Србија да добие статус кандидат за членство во ЕУ

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlVM

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, во писмо до претседателот на Еропската комисија се заложи за Србија што побргу да стекне статус кандидат за членство во ЕУ. Во писмото на Јанша се наведува дека на Србија мора да и‘ се докаже дека поддршката за европската перспектива на таа држава е реална. Според Јанша, ако се исполнат потребните услови, статусот кандидат за членство во ЕУ, Србија би можела да го добие за неколку месеци. Јанша во писмото истакнува дека доделувањето на статусот не треба да се условува со процесот на решавање на иднината на Косово. Словенија ќе претседава со ЕУ од први јануари 2008-ма година.