1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија во шок

11 март 2011

Силен земјотрес утрово ја погоди Јапонија. Земјотресот имаше јачина од 8,9 степени според Рихтеровата скала и предизвика цунами бранови високи до 10 метри. Природната катастрофа досега однесе 26 животи.

https://p.dw.com/p/R8Jc
Фотографија: dapd

Катастрофалниот земјотрес во Јапонија кој предизвика и разурнувачко цунами кое го погоди североисточниот дел на земјата според последните информации одзеде 26 животи. Епицентарот на потресот се наоѓал на 400 километри североисточно од престолнината Токио.

„Денеска се случи силен земјотрес кој предизвика огромни штети“, изјави јапонскиот премиер Наото Кан по кризната седница на јапонската влада. Тој го повика населението да остане смирено.

Инаку силниот земјотрес предизвика цунами бранови високи до 10 метри, кои однесоа се’ пред себе во налетот на североисточниот брег на Јапонија. Тревога од цунами во меѓувреме е издадена за најмалку 20 други земји практично во целиот Пацифички басен.

Japan Erdbeben Tsunami Flash-Galerie
Фотографија: Keichi Nakane, The Yomiuri Shimbun/AP/dapd

Меѓународната агенција за атомска енергија пак соопшти дека четирите јапонски нуклеарни централи најблиску до епицентарот на земјотресот биле безбедно исклучени од употреба. Јапонската новинска агенција Кјодо меѓутоа јавува дека во една атомска централа во тешко погодениот град Мијаги избувнал пожар.

Медиумите инаку јавуваат и за голем број повредени лица ширум земјата, но и за луѓе заробени под урнатините предизвикани од потресот. Истотака и повеќе аеродроми во земјата се затворени, а делумно е прекинат и железничкиот и патничкиот сообраќај.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во првичната реакција истакна дека е потресен од вестите за катастрофалните размери на земјотресот во Јапонија и понуди помош од Германија.

Автор: СН/ ртре/ афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема