1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија: Спроведена смртна казна

ЕМФ/дв12 септември 2013

Протестите на борците за човекови права беа попусти - во Јапонија е погубено уште едно лице осудено на смртна казна. Ова е шесто спроведување на смртна казна годинава.

https://p.dw.com/p/19gLt
Фотографија: AP

Јапонското Министерство за правда соопшти дека 73-годишниот Токухиса Кумагаи е обесен. Тој пред девет години беше осуден на смртна казна поради убиство на сопственик на ресторан извршено при кражба.

Јапонија е една од малкуте индустриски земји во кои смртната казна се‘ уште не е укината. Во моментов, во земјата има 132 лица осудени на смрт. Владата на конзервативниот премиер Шинзо Абе укажува на тоа дека мнозинството Јапонци, во анкетите се изјаснуваат за задржување на смртната казна.

Организациите за човекови права протестираат со години и бараат укинување на ваквиот вид казна. Тие како особено грозоморно го оценуваат тоа што лицата кои се осудени на смртна казна за времето на погубување дознаваат само неколку минути пред извршување на казната. Претходно, тие со години се затворени во ќелии за самци. Пред да бидат погубени, осудените не смеат да се простат од своите семејства. Семејствата, исто така, добиваат информација за погубувањето дури откако тоа ќе биде спроведено.