1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија стравува од атомска катастрофа

12 март 2011

По земјотресот на векот и огромните цунами бранови, на Јапонија сега и‘ се заканува и нуклеарна катастрофа. Во атомската централа во Фукушима имало експлозија при што се урнале делови од реакторот Фукушима 1.

https://p.dw.com/p/10Xz1
Загрозената атомска централа кај ФукушимаФотографија: dapd

Новинската агенција Кјодо јави дека откако откажал системот за ладење во нуклеарната централа состојбата драматично се влошила. Во близина на Фукушима е утврдени присуство на радиоактивен цезиум, јави агенцијата повикувајќи се на Комисијата за нуклеарна безбедност. Се претпоставува дека сега во тек е топење на јадрото на реакторот. Проблемот настанува поради тоа што кога нема струја, не функционираат турбините, вентилите и доводот на вода за ладење на реакторите.

Japan Erdbeben Tsunami
Фотографија: NHK/AP/dapd

Нема шанси од втор Чернобил?

Минхенскиот експерт за заштита од нуклеарно зрачење Едмунд Кенгфелдер за Дојчландфунк објасни:

„Дури и кога атомската централа е исклучена, настанува големо количество топлина и поради тоа реакторите мора да се ладат. Во спротивно доаѓа до топење на јадрото на реакторот.“

Јапонската влада нареди евакуација на населението од околината на нуклеарната централа. Фукушима се наоѓа на околу 240 километри североисточно од Токио. Според Наото Секимура, професор на универзитетот Токио, нема шанси да се случи втор Чернобил.

Japan Erdbeben Tsunami Flash-Galerie
Фотографија: dapd

Најмалку 1400 загинати

Во меѓувреме, на североисточниот брег на Јапонија почнуваат да се согледуваат вистинските размери на катастрофата. Најсилниот земјотрес во Јапонија во последните 140 години, по што следуваше цунами, зад себе остави пустош. И во текот на денешниот ден има пожари, а делови од населените места се под вода. Се претпоставува дека има над илјада загинати. Полицијата денеска напладне по локално време соопшти дека бројот на загинати и исчезнати е околу 1400, додека бројот на повредени е над 1100. Во привремени сместувалишта се наоѓаат над 200.000 луѓе. Помош на Јапонија и‘ понудија околу 50 држави во светот.

Автор:ЕМФ/СН/дпа/дв/ртр/афп

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема