1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонија – устав

14 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4a

Јапонскиот парламент го направи првиот чекор за измени на пацифистичкиот устав на земјата. По долниот дом на паламентот сега и сенатот гласаше за законот за одржување референдум за измена на уставот. Референдумот, според овој закон, не би можел да се одржи пред 2010 година. Владата на премиерот Абе со законот има намера да овозможи мисии на јапонската армија со мандат на ОН во странство.