1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонскиот премиер нареди деактивирање на последните реактори во Фукушима

РЃ/дв19 септември 2013

Јапонскиот премиер Шинзо Абе нареди деактивирање на реакторите 5 и 6 кои останаа недопрени по катастрофата на нуклеарната централа. Одлуката следува по наодите дека подземните води се контаминирани од оштетените реактори

https://p.dw.com/p/19kca
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска (19.09) и‘ нареди на фирмата управител со Фукушима - ТЕПКО, да ги деактивира двата преостанати реактори на нуклеарната централа која беше оштетена од цунами во 2011 година.

Според новинската агенција „Кјодо“, Абе ја донесол одлуката откако ја посетил централата за лично да се увери колкав е проблемот со радијацијата.

ТЕПКО веќе одлучи истото да го направи со другите четири реактори. Централата поседува вкупно шест реактори.

Радиоактивната вода која се користи за ладење на реакторите, веќе се прелеа во локалните подземни води. Јапонската влада беше приморана да ја преземе акцијата за чистење, откако беше заклучено дека ТЕПКО сам не може да се справи со ситуацијата.

Контаминирани подземни води

Според компанијата, околу 300 тони средно радиоактивна вода протекува во океанот, секој ден. ТЕПКО, додаде дека компанијата испуштила 1.130 тони на слабо радиоактивна вода во океанот, откако пред неколку дена тајфунот Ман-ји ја погоди Јапонија.

Atomkraftwerk Oi Reaktor 4 in der Präfektur Fukui Japan
Фотографија: Reuters

„Откако констатиравме дека се работи главно за дождовница, ја испуштивме во океанот, затоа што имаме ограничување на тоа колку вода можеме да складираме“, изјави официјален претставник на ТЕПКО.

Токио вети дека ќе вложи 349 милиони евра за да ги запре протекувањата. Владата планира да ја замрзне земјата под централата, со што ќе ја огради радиоктивната вода од околината. Планот опфаќа поставување цевки во земјата, преку коиниз кои ќе тече специјално средство кое ќе ја замрзне земјата околу централата.

Загриженост околу Олимписките игри во 2020 година

Премиерот Абе му се обрати на Меѓународниот олимписки комитет, на почетокот на септември, во Буенос Аирес и се обиде да ги убеди дека проблемите со Фукушима нема да влијаат на игрите во 2020 година.

Абе изјави:„Некои се загрижени поради Фукушима, но дозволете ми да ве уверам дека ситуацијата е под контрола и таа ниту некогаш му наштетила на Токио, ниту ќе му нанесе штета во иднина.“