1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јасна победа за Понта во Романија

АТ/ афп/ дапд/ дпа10 декември 2012

Коалицијата на премиерот на Романија Виктор Понта ја доби довербата на граѓаните на парламентрните избори. На изборите излегоа над 40 проценти од граѓаните со право на глас во земјата.

https://p.dw.com/p/16yyR
Фотографија: Reuters

Социјал-либералната унија на премиерот Виктор Понта, според анкетите постигна убедлива победа на парламентарните избори во Романија. Прогнозите велат дека централно-левичарската коалиција освоила околу 57 проценти од мандатите. Алијансата праведна Романија, која е блиска до претседателот Трајан Басеску претрпе пораз со освоени околу 18 проценти.

Понта во првата реакција изјави дека ова е „јасна победа со апсолутно мнозинство во парламентот“.

Романските граѓани требаше да се одлучат за нов состав на парламентот со 315 мандати и 137 во Сенатот на Романија. Изборното раководство соопшти дека според проценките на изборите излегле 41,72 проценти граѓани.

Премиерот Виктор Понта и претседателот Трајан Басеску со месеци водат борба за превласт. Минатото лето романската влада, и покрај меѓународната критика се обиде да го обезвласти претседателот, во што не успеа. Сега Басеску треба да го номинира новиот премиер и постои можност да се одлучи против Понта. Ова би можело да ги одложи преговорите со ММФ за идно неоходниот нов кредит за помош.