1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јасна победа на конзервативците на изборите во Франција

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqGz

Конзервативниот француски претседател и шеф на УМП Никола Саркози е јасен победник на првиот круг парламентрни избори. Пет недели по победата на Саркози на претседателските избори неговата партија сега освои речиси 40 проценти од гласовите. Социјалистите освоија 25 проценти. За точниот распоред на местата во парламентот ќе се одлучува во вториот изборен круг наредната недела.