1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Davos Abschluss

31 јануари 2010

Денеска (31.01.10) во Давос завршува Светскиот економски форум. Важни пораки од него: банките се противат на плановите за построго регулирање на пазарите, а влијанието на земјите во подем се’ повеќе се чувствува.

https://p.dw.com/p/Lo00

Годинава во Давос дојдоа значително поголем број банкари и топ-менаџери на инвестициски фондови отколку претходните години. Не е ни чудо, бидејќи на втората средба во Давос по крахот на финансискиот сектор во САД, па потоа и во целиот западен свет, тие бараа сојузници меѓу колегите од другите бранши, како и од политиката за да им се спротистават на најавените реформи. Ова се однесува пред се’ на реформите за банкарскиот сектор што ги најави американскиот претседател Барак Обама. На банкарите имено не им одговара државата да им наложи раздвојување на секторот што работи со клиенти од инвестиционата дејност.

DW Hintergrund Deutschland Marco Vollmar
Марко ФолмарФотографија: DW/Christel Becker-Rau

Политичарите присутни во Давос меѓутоа манифестираа мал до никаков интерес за желбите на банкарите. А во отсуство на Барак Обама улогата на морален проповденик ја презеде францускиот претседател Никола Саркози, кој упати јасни зборови на критика на сметка на финансискиот сектор. И тоа може да се вброи во новините од Давос годинава. Овде не е вообичаено да се чујат така јасни зборови и тоа изговорени јавно.

Конечно, новина во Давос беше и тоа што земјите во подем добиваат се’ поголемо влијание. Претставниците на политиката и индустријата од богатиот Запад овој пат многу повеќе бараа контакт со земјите во подем. Се чини дека тие се единствените кои профитираа од големата финансиска и економска криза.

Автор на коментарот: Марко Фолмар

Превод: Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска