1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јеремиќ: Косово далеку од ОН се’ додека за тоа не одлучи Србија

СН/АТ/миа31 јануари 2013

Претседателот на генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ оцени дека Косово е „далеку од ОН“ и дека нема начини да и се доближи на светската организација „ се’ додека тоа не го одлучи Србија“.

https://p.dw.com/p/17UwD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ (слика горе) во интервју за телевизијата РТС потсети дека „независноста на Косово активно ја форсираат светските сили“ . Тој оцени дека „таа државност во меѓународниот простор не заживеа“ и изрази уверување дека „нема да има демократски избрано раководство на Србија кое тоа ќе го загрози со признавање на Косово“.

Кога станува збор за споредба со случајот Палестина, која го оствари статусот држава нечленка-набљудувач во ОН, Јеремиќ нагласи дека таа споредба не е оправдана бидејќи Генералното собрание на ОН донесе одлука за Палестина дури откако Советот за безбедност одлучи.

„Би било добро кога, без одлука на СБ на ОН, Приштина би се обидела тоа да го стори бидејќи тоа би завршило така што следните 10 година би го ’турнало’ разгледувањето за ова прашање. Јас би сакал тие да се обидат тоа да го направат, бидејќи сум сигурен дека тогаш Приштина на многу посериозен начин би се посветила на разговорите со Белград, отколку што тоа досега беше случај“, рече Јеремиќ.