1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јолевски: Македонија и Грција сериозно работат на решение

ЖА/макфакс31 јануари 2013

Македонија и Грција се сериозно подготвени да најдат решение за спорот за името, вели македонскиот преставник Зоран Јолевски по средбата со медијаторот Метју Нимиц и грчкиот преставник Адамантиос Василакис во Њујорк.

https://p.dw.com/p/17VOg
Фотографија: Petr Stojanovski

„По состанокот може да се заклучи дека и Македонија и Грција се сериозно подготвени да најдат решение и да го тргнат овој проблем настрана“, напиша Јолевски на социјалната мрежа Твитер.

По вчерашната средба Нимиц рече дека двете страни разговарале за суштината на прашањето и најави скорешна нова средба.

„Состанокот траеше два часа и имаше интензивна дискусија на него. Задоволен сум од разговорите. Позициите на двете земји сега се кристализирани. Мислам дека во секој од двата главни града работат напорно за да дојдеме до договор. Добив реакции на моите идеи и затоа имавме продолжени дискусии. Наскоро повторно ќе се сретнеме за да ги продолжиме разговорите, но не поставивме датум кога тоа ќе се случи", рече медијаторот Нимиц вчера во Њујорк.