1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

170611 Flüchtlinge Afrika Südamerika Europa

20 јуни 2011

Во Аргентина бројот на мигранти и бегалци денес е двојно поголем, во однос на 2005 година. Тоа се должи на фактот што доселеничката политика на земјата е релативно пофлексибилна, од онаа на ЕУ.

https://p.dw.com/p/11fcr
Коаку веќе две години живее во АргентинаФотографија: DW

Стотици илјади Африканци годишно ги напуштаат своите татковини, поради политички конфликти, сиромаштија и бесперспективност. Повеќето од нив се упатуваат кон Европа. Меѓутоа, стариот континент се` построго ги контролира своите граници, па затоа Африканците се фокусираат кон други земји, на пример оние од Јужна Америка.

На тротоарите во квартот Онце во Буенос Аирес се поставени мали тезги, на кои се продава се` и сешто - од накит, до часовници и очила за сонце. Коаку Бу Дате Родриге, еден од продавачите, завршува со работата за денеска. Тој има 25 години и е роден во Брегот на Слоновата коска. Од пред две години живее во мал стан во Онце, заедно со уште двајца сожители.

„Во мојата земја владее граѓанка војна. Бев принуден да се борам во редовите на бунтовничка банда. Едно утро се отвори шанса да побегнам. Сум слушал за Европа, но не знам како се стигнува до таму. За тоа ти требаат пари и познанства. Отидов до пристаништето во Сан Педро и се сокрив во еден товарен брод. Не знаев каде оди. На крајот стигнав во Аргентина.“

Пофлексибилна политика кон бегалците

Flüchtling Südamerika
Филарди им помага на бегалците како КоакуФотографија: Mariana Russi

Коаку е еден од трите илјади африкански бегалци, кои во изминатите пет години се регистрирани кај аргентинската комисија за бегалци КО.НА.РЕ. Илегалните доселеници од Африка се втори на листата по бројност. Најголемиот дел од нив доаѓа од Сенегал и од Брегот на Слоновата коска. И властите во соседен Бразил говорат за слична состојба. Маркос Филарди од аргентинската служба за бегалци истакнува:

„Аргентинската политика кон бегалците е многу потолерантна од европската. Пристаништата не се контролираат многу строго. А, ако бегалците се пријават во КО.НА.РЕ и побараат азил, во рок од неколку недели добиваат дозвола за работа, бесплатно здравствено осигурување, јазичен курс и пристап до образовните институции.“

Дискриминација има насекаде

Flüchtling Südamerika
Студенти нудат бесплатна правна помош за одбиените азилантиФотографија: DW

Во мала канцеларија на осмиот кат во зградата на највисоката судска инстанца во Аргентина, група студенти по право тука нудат бесплатно советување за барателите на азил, чија апликација била одбиена. Еден од нив е и Мустафа од Сенегал. Негов пријател помага во комуникацијата, бидејќи Мустафа не знае шпански:

„Сакаме да најдеме работа тука. Во Европа моментално е многу тешко, во Шпанија на пример владее криза и полицијата е многу строга. Овде е многу поедноставно и помирно.“

Сепак, Аргентина не дава азил на лица, кои тоа го бараат поради економски причини.

Освен тоа, дојденците често се соочуваат со голема скепска во општеството. Коаку од Брегот на Слоновата коска го почувствувал тоа на сопствена кожа.

„Имам образование за дрвосечач, но луѓето тука не ги сакаат Црнците. Мислат дека сите Африканци се глупави и ништо не знаат.“

Автор: Хеле Јепесен/Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска