1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужна Кореја – заложничка драма

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZvy

Талибанците во Авганистан имаат намера и натаму да киднапираат заложници. Нивен портпарол изјави дека тоа се покажало како успешно. По ослободувањето на 19-те јужнокорејски заложници во Авганистан, владата во Сеул е жестоко критикувана поради водењето директни преговори со Талибанците. Авганистанскиот министер за надворешни работи, Рангин Спанта изјави дека доколку се појави впечаток дека меѓународната заедница и авганистанската влада можат да се уценуваат, тоа би била опасна порака. Канадскиот министер за надворешни работи, Максим Берние рече дека со терористи не смее да се преговара. Многу весници во Јужна Кореја изразија стравување дека поради директните преговори со Талибанците може да биде оштетен меѓународниот углед на земјата. Шестнеделната војна на нерви со јужнокорејските заложници заврши вчера со ослободување на последните седум киднапирани.