1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужноафриканската полиција уби рудари-штрајкувачи

ЖА/дв17 август 2012

Конфликтот во рудник за платина во Јужноафриканската Република ескалираше. Полицијата стрелаше врз рударите кои штрајкуваа. Убиени се десетици луѓе.

https://p.dw.com/p/15rY7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во огнот што јужноафриканската полиција го отвори врз неколку илјади рудари кои протестираа поради ниските плати во рудникот за платина во Марикана, загинале најмалку 36 лица, сопшти утрово полицијата. Државната јужноафриканска агенција објави претходно дека има најмалку 18 загинати.

До судир меѓу полицијата и штрајкувачите дошло откако рударите вооружени со метални прачки и мачети одбиле да го предадат оружјето, по што полицијата отворила оган. Истрагата за случајот е во тек, но полицијата тврди дека некои од штрајкувачите биле „вооружени до заби“, а власта реагирала во тензичната ситуација „најдобро што можела“ и тоа во самоодбрана. Агенциите не ги потврдуваат тврдењата за вооружени рудари.

Компанијата „Лонмин“, во чија сопственост е рудникот, соопшти дека штрајкот е нелегален и дека оние рудари кои денеска нема да се вратат на работа, ќе бидат отпуштени. Овој рудник за платина во северозападниот дел од земјата е трет по големина во светот.