1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг на Косово

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BaAR

Поделба на Косово би била погрешно решение изјави денеска и во Приштина, германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг. По средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, Јунг побара сите да се воздржат од било какви дејствија што би довеле до немири и би го загрозиле процесот на донесување заедничко решение. Косовскиот премиер Агим Чеку, по средбата со Јунг изјави дека доколку разговорите бидат неуспешни, тогаш Косово ќе прогласи независност. Чеку потенцираше дека во таков случај очекуваат да бидат признаени од ЕУ. Со посетата на Приштина Јунг ја завршува тридневната турнеја на Балканот.