1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг: патот на Македонија во НАТО не е директно поврзан со Косово

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZi8

Приклучувањето на Македонија во НАТО не е директно поврзано со разрешувањето на косовското прашање, изјави во Скопје германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, по средбата со македонскиот колега Лазар Еленовски. Првиот човек на германската одбрана ги пофали армиските реформи во Македонија и најави дека НАТО во септември ќе го претстави својот извештај за напредокот земјата. Тој е потребен за донесување на одлуките на идниот самит на Алијансата, кога Македонија очекува покана за членство. За Косово која е една од главните теми на разговорите, Јунг изјави дека поделба на покраината би била погрешен чекор, и дека планот на меѓународниот посредник Ахтисари е добра основа за изнаоѓање заедничко решение. Јунг денеска се сретна и со претседателот Црвенковски и премиерот Груевски. Министерот од Скопје заминува за Албанија.