1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: Европа нема повеќе време за губење

БГ/миа/дв30 јули 2012

Шефот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер најави засилени мерки за излез од кризата и порача дека нема да дозволи исклучување на Грција од еврозоната. Во Атина, грчките политичари ги договораат последните мерки за штедење.

https://p.dw.com/p/15gMX
Фотографија: Reuters

Еврозоната се наоѓа на клучна точка и нејзините лидери ќе работат поблиску со Европската централна банка за да го спасат еврото, порача шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер во одвоени интервјуа објавени во неделата (29.07). Јункер, кој порача дека повеќе нема време за губење, најави дека ќе биде активиран фондот за спас кој во моментов располага со околу 200 милијарди евра за да им се помогне на загрозените држави како Грција, Шпанија и Италија. Тој ја отфрли можност за исклучување на Грција од еврозоната, оценувајќи дека таквите најави доаѓаат од политичари кои се‘ уште не ги сфатиле причините за кризата.

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска (30.07) ќе се сретне со лидерите на коалициските партнери во Владата, ПАСОК и Демократската левица, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис, за да го финализираат пакетот мерки со кој треба да се заштедат 11,5 милијарди евра во наредните две години. Иако пакетот требаше да биде договорен уште минатата недел,а тројцата лидери не успеаја да се договорат за уште 1,5 милијарди евра од предвидените намалувања.

Грчката Влада со сите сили се бори да им докаже на меѓународните кредитори (ЕУ и ММФ) дека е подготвена посериозно да се зафати со спроведување на реформите кои треба да и донесат свежи кредити.