1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Њујорк бара 40.000 топли станови за жртвите од ураганот

ЕМФ/дв5 ноември 2012

По разорниот ураган „Сенди“, луѓето на американскиот источен брег сега се соочени со студ. Градот Њујорк отвори прифатни центри и дели ќебиња.

https://p.dw.com/p/16coA
Фотографија: Getty Images

Градоначалникот на Њујорк Мајл Блумберг ги повика постарите луѓе кои немаат греење да се сместат во прифатните центри. Во Њујорк, неговите предградија и Лонг Ајленд и шест дена по супер-бурата „Сенди“ се‘ уште без струја се околу 700.000 домаќинства и фирми. Блумберг проценува дека поради ураганот околу 40.000 станови во градот не се за живеење.

Министерката за национална безбедност Џенет Наполитано изјави дека властите сега се во потрага по станови и хотелски соби за луѓето не кои им е потребна помош. Тешката состојба се заострува дополнително поради недостиг на бензин и дизел. На бензинските пумпи има долги редици луѓе кои чекаат на нафта за греење. На многу места, возачите на автомобили можат да добијат бензин за максимум 30 долари по резервоар.

ЕМФ/дв