1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе влијае ли Кери врз Русија по прашањето на Сирија?

ЕМФ/дпа7 мај 2013

Американскиот министер за надворешни работи Џон Kери пристигна во Москва на разговори околу сирискиот конфликт. Тој ќе се обиде да придонесе за намалување на дел од тензиите меѓу Вашингтон и Москва.

https://p.dw.com/p/18Tcs
Фотографија: Reuters

Првиот американски дипломат Џон Кери во Москва ќе бара поостар курс на Русија кон сирискиот претседател Башар ал-Асад. Позициите на двете држави околу темата Сирија се сосема различни. Додека САД бараат повлекување на Асад, Русија се држи до својот партнер во Сирија.

Според Алексеј Пушков, шеф на Комисијата за надворешна политика на руската Дума, токму тоа е причната поради којa не успеа „нов старт“ во односите меѓу Русија и САД. „Мора да бараме нов формат за нашата соработка“, вели Пушков. Во тие рамки, мора да се најдат сфери во кои „едниот нема да може без другиот“. Кои теми ќе бидат такви, тоа треба да го открие Кери во Москва. Меѓутоа, сигурно е дека една од нив ќе биде поблиско поврзување на соработката на тајните служби на двете земји. По нападот во Бостон Русите соработувале многу конструктивно, се вели во Вашингтон. Освен тоа, Кери треба да ја подготви и првата средба на претседателите Обама и Путин по пауза од една година, која треба да се случи на самитот на Г8 во јуни, во Северна Ирска.

Московскиот политиколог Сергеј Караганов оценува дека угледниот дипломат Кери е посоодветен за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Москва од неговата претходничка Хилари Клинтон, која од страна на руското раководство се гледала како некој што сака да држи „проповеди“.