1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли директна средба САД-Иран ?

5 март 2007

Кон крајот на оваа недела во Багдад треба да се одржи маѓународна Конференција за стабилизација на Ирак , на која покрај членови на ирачката влада ќе учествуваат претставници на петте земји постојани членки на Советот за безбедноста и на земјите соседи на Ирак . На неа за првпат на заедничка маса ќе се најдат дипломати од САД и од Сирија и Иран , земји кои Вашингтон ги смета за непријателски настроени. Можно

https://p.dw.com/p/Adsr
Багдад
БагдадФотографија: AP

ли е притоа да се оствари и билатерален контакт меѓу претставниците од овие земји. Во Вашингтон и во Техеран велат дека засега нема планови за такво нешто , во Дамаск се надеваат на директна средба со американските претставници на Конференцијата

САД , според зборовите на амбасадорот на оваа земја во Ирак , во моментов немаат планови за билатерални разговори со Иран, Целта на меѓународната конференција за Ирак што треба да се одржи во сабота е пред се да се дискутира за патиштата за стабилизација на оваа земха – изјави амбасадорот Залмај Калилзад во интервју за телевизијата Си Ен Ен.

Според него владата во Вашингтон засега не донела одлука дали на маргините на конференцијата ќе биде остварен директна средба меѓу претставниците на САД и Иран – истакна Калилзад дополнувајќи дека тој не сеуште незнае кој ќе ја застапува исламската република во Багдад .

Доколку меѓутоа дојде до билетарална средба , во Фокусот ќе биде шверцот на оружје во Ирак преку иранската граница – истакна американскиот амбасадор во Ирак дополнувајќи:

„Во последно време имаше некои индикации дека тие се зинтересирани за дијалог кога станува збор за Ирак . Како што знаете ние сме многу загрижени за оружјето кое преку иранската граница влегува во Ирак и подготвени сме да зборуваме со Иранците за ваквбите активности“- истакна Калилзад .

И властите во Техеран засега немаат план за директна средба со американски претставници на Конференцијата во Багдад . Портпаролот на министерството за надворешни работи , Мохамед Али Хосеини истакна дека таква средба засега не е на агендата . Покрај тоа , иранската влада сеуште не донела официјална одлука за учество на конференцијата во сабота – истакна Хосеини. Досега своето учество пак го потврдија САД , Велика Британија и Сирија, уште една земја сосед на Ирак , која администрацијата на американскиот претстедател Џорџ Буш ја смета за проблематична .

Властите во Дамаск пак се надеваат дека во Багдад ќе биде остварен билатерален контакт со американските претставници .

Оние што заеднички седат на преговарачка маса неможат меѓудсебно да се игнорираат – пишува во во уводникот на вчерашното издание на сирискиот владин весник Ал Баат.