1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли предвремени избори?

Александар Чомовски14 ноември 2005

Вонредни парламентрани избори –тоа стана тема под пресија на ЕУ дека само со фер и демократско гласање Македонија може да очекува покана за разговори околу кандидатурата.Но,дали се можни,кога и под какви услови,тоа ја подели и власта и опозицијата.

https://p.dw.com/p/AcBK
Предвремено завршување на мандатот?
Предвремено завршување на мандатот?Фотографија: aptn

Премиерот Бучковски е свесен дека позитивниот одговор од ЕК и донесе и зголемен рејтинг на владеачката коалициј.Но,за него уставните реформи околу судството и современо и целосно изборно законодавство се приоритети:

„Прво,да се договориме да имаме консензус,да имаме уставни измени.На 24 веќе ќе имаме во Парламентот отпочнување на таа сесија.Второ,треба да седнеме и сериозно да направиме изборно законодавство кое ќе спречи било какви манипулации и било какви ризици кои ќе го загрозат за Македонија европскиот пат.Во моментов за тоа не се создадени предусловите,немаме текст кој би го гледале сите политички партии,второ,една крупна политичка партија е сеуште надвор од Парламентот.Затоа,ја користам оваа прилика да се придружам и јас на повиците,ако сака ДПА да биде сериозна политичка партија,веќе и е време да се врати.“

Наспроти Бучковски,шефот на ЛДП за време на викендот побара вонредни парламентарни избори веднаш,најрано во јануари,најдоцна во март.Пенов иницира и внатрекоалициска дебата за скорешно самораспуштање на Парламентот.Од ДУИ исто така поддршка за можни вонредни парламентарни избори:

„Предвремени избори има и кога не функционира владата или се наоѓаме во политичка криза.Ние не сем во такви околности,,но сепак ДУИ може да ги прифати реакциите за вонредни парламентарни избори,изјави лидерот на оваа партија Али Ахмети.

И во опозицискиот табор поделеност.Челникот на ВМРО Народна прво иницирашеа по само два дена се врати на старата теза-оваа власт да го заврши мандатот за да нема алиби за неуспешните реформи,рече Љупчо Георгиевски.Наспроти него ВМРО ДПМНЕ инсистира до 15 декември да се знае денот на вонредните парламентарни избори,рече Никола Груевски:

„За државата е добро да се обезбедат предвремени парламентарни избори,како што е добро и заради ворот кон ЕУ за спроведување фер и демократски избори.

Гуевски по средбата со Бучковски тврдеше дека добил впечаток дека и премиерот е согласен со предвремени парламентарни избори.Ретерирањето од нив е страв од пораз,реагираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ по вчерашната изјава на премиерот:поважно од изборите е тие да бидат фер отколку да бидат предвремени.