1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе остане ли моделот на спасување на Кипар единствен случај?

ЕМФ/афп/ртр/дв27 март 2013

Два дена по постигнувањето согласност за пакет мерки за спас на Кипар, дебатата околу кризниот менаџмент на еврозоната не стивнува. Ќе бидат ли вовлечени богатите шедачи во спасот на банките и во други земји?

https://p.dw.com/p/184kX
Фотографија: picture-alliance/AP

Целата дискусија тргна од изјавата на шефот на Еврогрупата Јерон Дејселблом дека учество на акционерите и штедачите би можело да биде модел за идни акции за спас. Откако ваквите негови зборови предизвикаа пад на курсевите во светот, тој направи чекор назад, па во меѓувреме тврди дека Кипар е специјален случај.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Маријано Рахој во Париз исто така оценија дека случајот на Кипар е специјален и невообичаен и затоа пакетот мерки за спас на таа земја не може да биде модел за другите. На заедничка прес-конференција, Оланд и Рахој нагласија дека гаранцијата за банкарските влогови мора да остане принцип кој ќе се почитува.

Дебата се води и во Германија. Водечки политичари на владејачките ЦДУ и ЦСУ се изјаснија против генерално учество на богатите штедачи во спасот на банките во еврозоната.

„Моделот на Кипар не може да се пренесен едноставно врз цела Европа. Кипар е специјален случај“, изјави заменикот шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ Михаел Мајстер за „Рајнише Пост“. Според него, во Кипар не станува збор само за една единствена банка, туку за преголем банкарски сектор. И Норберт Бартле од ЦДУ, експерт за буџетска политика, е на мислење дека случајот на Кипар не смее да се пренесе врз ЕУ. „Тоа банкарскиот систем во Европа не би го издржал“, рече тој за „Рајнише Пост“.

Michalis Sarris / Zypern / Finanzminister
Михалис Сарис, министер за финансии на КипарФотографија: Reuters

Министрите за финансии на еврозоната во понеделникот (25.03) донесоа одлука да му дадат помош на Кипар во висина од 10 милијарди евра. За возврат, мора да биде реконструиран банкарскиот систем во земјата, а се предвидува и принудно оданочување на заштедите во висина од над 100.000 евра.

Банките на Кипар треба да бидат повторно отворени утре (28.03). За да се избегне масовен одлив на капитал дневно ќе може да се подигаат по 100 евра. Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис изјави дека контролата на протокот на капитал ќе трае неколку недели.