1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се испитува влијанието на германскиот извозен суфицит врз Европа

ЕМФ/дпа13 ноември 2013

Германскиот извозен суфицит ќе биде детално проверен од страна на Европската комисија, за да се види дали тој влијае врз цела Европа, најави претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо.

https://p.dw.com/p/1AGYp
Фотографија: Fotolia/Tobif82

Денешната најава од Брисел се‘ уште не значи и отворање постапка против Германија. Постапка Комисијата би можела да отвори најрано наредната година. Таа, како крајна последица, би можела да има изрекување парична казна за Германија во износ од 0,1% од стопанското постигнување. При брутодомашен производ од над 2,6 илјади милијарди евра, колку што Германија имаше во 2012 година, казната би изнесувала милијарди евра.

Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен сака да постигне Германија да ја поттикне внатрешната потрошувачка и да се погрижи за поголема конкурентност на пазарите на услужни дејности.

Европската референтна вредност за суфицит во стопанското постигнување изнесува 6%, а се зема просек од вредностите од три години. Според Евростат, средната вредност за периодот од 2010 до 2012 година изнесува точно 6,5%

Засилениот економски надзор е воведен од страна на ЕУ по тешките турбуленции што ги предизвика европската должничка криза. Намерата е да се спречи натамошен процес на оддалечување на сиромашните и богатите земји во еврозоната.