1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се исплати ли изградбата на Северен поток?

20 ноември 2011

Државниот руски концерн Гаспром, заедно со германските партнери БАСФ-Винтерсхал и ЕОН проценија дека ќе бидат потребни околку 4 милијарди евра за изградба на гасоводот Северен поток, но трошоците двојно пораснаа.

https://p.dw.com/p/13Aek
Трошоците за Северен поток двојно пораснааФотографија: DW

70 проценти од проектот се финансираат со кредити од преку 20 банки. 30 проценти од трошоците ги покриваат акционерите со сопствен капитал. Со оглед на зголемените цени на металите на светскиот пазар, купувањето на 200.000 цевки од многу квалитетен челик беше поскапо, вели Јенс Милер, портпарол на „Северен поток АГ“. Цевките тешки по 12 тони, како и останатиот материјал за поставување на гасоводот, чинат околу три милијарди евра и со тоа го сочинуваат поголемиот дел од трошоците за изградбата. Другиот голем дел од трошоците е предвиден за поставување на гасоводот, за што се потребни три специјални бродови. Тоа ќе чини околу две милијарди евра”, вели Милер. Голем дел од парите ќе бидат потрошени на контрола на поставениот гасовод, сертифицирање и на персонал. Гасоводот Балтичко море е еден вид транспортно претпријатие, вели Милер: „Северен поток не продава гас, туку ја добива транспортната такса за вкупното количество гас што се транспортира низ овие цевки”, објаснува Јенс Милер. Инаку, планирано е проектот да трае 50 години. „Со оглед на ’животната должина’ на проектот, амортизацијата нема да трае долго”, смета портпаролот на Северен поток Јенс Милер.

Клучен договор за изградба на Северен поток

Karte Nord Stream Pipeline
Гасовод од Русија кон Германија низ Балтичкото море

Матијас Варниг, раководител со конзорциумот на германско-рускиот гасовод, е уверен дека тој ќе се амортизира веќе за 14 или 15 години, под услов да работи со максимален капацитет. Во моментов комплетниот капацитет на гасоводот е изнајмен на фирмата „Газпром експорт”. Овој договор беше имено клучен за воопшто да се гради Северен поток. Клиентот, значи руската страна, плаќа 55 милијарди кубни метри гас годишно, без разлика дали навистина ги користи капацитетите или не, појаснува Матиас Варнинг во германскиот весник „Стопанска неделa”.

Во моментов, според негови информации, веќе се склучени договори за испорака на преку 22 милијарди кубни метри гас годишно. Низ двете гасоводни линии годишно може да течат 27,5 милијарди кубни метри гас. „Тоа е типична ситуација. Вакви големи гасоводи во принцип се градат само доколку постојат долгорочни договори за искористување на најмалку половина од капацитетите”, вели Владимир Фејгин, раководител на Рускиот институт за енергија и финансирање. Тој, меѓутоа, е сигурен дека ќе се склучат нови договори. На европскиот пазар за гас тие многу често се склучуваат краткорочно.

Штедење на транспортни трошоци со пренасочување

Baustopp bei Nordeuropäischer Erdgasleitung (NEL)
Цевките се тешки по 12 тони и заедно со останатиот материјал за поставување на гасоводот чинат околу три милијарди евраФотографија: DW

Благодарание на гасоводот, Гаспром во иднина ќе може пофлексибилно да реагира на променливата побарувачка, смета Фејгин. Освен тоа, дел од гасот што во моментов тече низ Белорусија и Украина ќе биде пренасочен кон Северен поток и со тоа ќе се заштедат транспортни трошоци. Експертот е убеден дека капацитетите на гасоводот Северен поток оптимално ќе се искористат.

Концептот на Северен поток поаѓа од претпоставката за значително зголемување на потрошувачката на гас во Европа и зголемување на цените на гасот. Меѓутоа, во изминатите години пазарите за електрична енергија и гас во Европа драматично се сменија. Европската унија се залага за брзо развивање на алтернативните енергии и големо штедење енергија. Истовремено, во земјите на ЕУ се зголеми увозот на течниот земен гас, или накратко ЛНГ. Ова доведе до значителен пад на цената на гасот: „Ние не очекуваме зголемена побарувачка на гас во Европа и Германија, но, затоа пак во други региони на светот. Тоа пак, може да ја зголеми цената на гасот”, смета Јозеф Ауер од Дојче банк рисрч во Франкфурт. г

Северен поток долгорочно гледано има добри шанси

Освен тоа, во наредните две децении во Велика Британија и Холандија значително ќе се намали производството на гас. Дали во тој случај Британците и Холанѓаните ќе се снабдуваат со гас од Русија се’ уште не е јасно. Најголемиот стопански ризик кај Северен поток е можноста Европејците во иднина да не купуваат гас од Русите, во тоа количество и по таа цена со кои сметаше Москва.

Автор: Андреј Гурков / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска