1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се одрази ли поразот на Бајерн врз германската репрезентација?

Фолкер Вагенер/ Александра Трајковска 22 мај 2012

Фудбалот е свиреп! Не секогаш победува подобриот. Бајерн Минхен во финалето на ЛШ беше подобар тим и сепак загуби. Поразот би можел да има консеквенции за репрезентацијата.

https://p.dw.com/p/14zMr

Три дена по еден фудбалски натпревар, уште да се зборува за него, има ли тоа смисла? Да! Фудбалот е поврзан со емоции, и тоа со големи емоции и тие не може едноставно да се исклучат само затоа што минаа две ноќи по крајот на натпреварот. Фактите се познати: Бајерн Минхен загуби и покрај што беше подобар тим во финалето на Лигата на шампионите на сопствениот стадион, по изведувањето на пенали од Челзи.

Кога статистиката не значи ништо

Бајерн Минхен загуби во финалето меѓу најдобрите во Европа. Од агол на фановите, тажен чин, оти Лигата на шампоните е „крем де ла крем“ во европскиот клупски фудбал. Болката е уште поголема, оти минхенчани беа далеку подобри од противникот и поради тоа што загубија дома. Речиси неподнослива станува болката со оглед на околностите за поразот. И што е најлошо: еден германски тим загуби при изведување пенали, што речиси никогаш не се случува. Но, се случи, а Челзи им покажа на сите злонамерници, кои велат дека Англичаните можат многу работи, но не знаат да изведуваат единаестерци.

Deutsche Welle Volker Wagener Deutschland Chefredaktion REGIONEN
Фолкер ВагенерФотографија: DW

Со 19. мај се надживеа и една од најпопуларните филозофии на фудбалот. Гери Линекер, легендарен англиски фудбалер од 80-те и 90-те години, постојано нагласуваше, фудбалот е игра во која 22. мажи трчаат зад една топка и на крајот секогаш победувале Германците. Штета што оваа историски оправдана формула веќе не е точна. Дури и траумата од изведување на пенали на Англичаните се чини излечена. Со децении британските тимови во дуелот со Германците тендираа, нерешните мечеви да ги прогласат за загубени уште пред ритуалот: стрелец против голман.

Јоги Лев и психолошкиот оддел на репрезентацијата

Колку тешко и‘ падна поразот од саботата на фудбалска Германија, издаваат медиумските извештаи во последните 48 часа. Се зборува за траума, толку голема што мора да се смета и на можноста, германската фудбалска репрезентација да испадне во првата фаза од натпреварите на претстојното Европско првенство. Половина од тимот на Јоги Лев се состои со играчи од Бајерн Минхен. Тие се фрустирани, сезонава ништо не освоија.

Во тимот со орелот на гради има и други губитници. Само за миленикот на публиката Лукас Подолски, чиј досегашен тим, фудбалскиот клуб Келн испадна од Бундеслигата, тренерот Јоги Лев нарача психотерапевти. Напаѓачот ментално треба да биде подготвен за турнирот во Полска и во Украина. Со уште речиси десетина депримирани играчи на Бајерн, оваа мерка може да стане групна терапија.

Колективна депресија меѓутоа може да се одбегне. Токму Англичаните во финалето на Светското првенство на Вембли му изразија најголем респект на германскиот тим во моментот на поразот. Германските фудбалери витешки го преживеаја горчливиот пораз. Само оној кој знае добро да губи, повторно победува. Така беше и по 1966. година. Наместо пораз германскиот фудбал во 70-те доживеа уметнички процут.

Во пресрет на ЕП има уште една утеха: меѓу губитниците на Бајерн се вбројуваат и Франк Рибери, Арјен Робен и Ивица Олиќ, само да се напоменат неколкумина, кои во јуни со нивната поколебана самодоверба би можеле да ги заслабат репрезентациите на Франција, Холандија и Хрватска.