1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе ѝ донесат ли американските милиони полет на иранската економија?

Ј. Ерфанијан / М. Шоџаеи / Е.М.Фиданоска31 јануари 2014

Денеска (1.02) во насока на Иран ќе почнат да течат првите 550 милиони американски долари, откако благодарение на привремениот договор беа делумно укинати санкциите против Техеран. Дали тоа ќе придонесе за полет во Иран?

https://p.dw.com/p/1B080
Фотографија: Fotolia/Sergey Galushko

„Кога на 20. јануари, во рамки на договореното во Женева беа делумно укинати санкциите против Иран, на пазарите во Иран можеше речиси да се допре еуфоријата која завладеа“, вели трговецот Атабак, кој живее во градот Керман, на југоисток на Иран. „Многу бргу меѓутоа стигна отрезнувањето“, оценува тој за Дојче веле. Досега не можат да се почувствуваат некакви фундаментални подобрувања од кои иранското население би профитирало. „Цените за производите кои се основни за живот се и натаму високи. Голем дел од она што им е неопходно на луѓето се‘ уште не може да се најде на пазарот.“ Експертите и натаму проценуваат дека стапката на инфлација изнесува околу 40%.

Сепак, курсот на еврото од 4.500 риали за евро се стабилизираше на 4.000 риали. Тоа го поевтини увозот. Сопствениците на менувачници, меѓутоа, се жалат дека бизнисот им е уништен, вели Михаел Токус од Германско-иранската трговска комора.

Bildergalerie Wie geht der Iran mit Sanktionen um
Менувачите на пари се во загубаФотографија: Linda Dorigo/Transterra Media

„Олабавувањето на санкциите ќе има ефект“

Иако главните санкции, значи занкциите кои го погаѓаат иранскиот извоз на сурова нафта и иранскиот финансиски сектор, се и натаму во сила, Токус очекува позитивни импулси за иранската економија. На пример, слободата за извоз на петрохемиски производи е навистина значајна. Од тоа ќе профитираат околу 20 петрохемиски претпријатија во Иран. Освен тоа, дадено е зелено светло и за досега блокираните финансии во Кина, Индија и САД, така што во наредните месеци за иранскиот економски „крвоток“ ќе бидат ослободени околу 10 милијарди американски долари.

Erdgasförderung im Iran, Wirtschaft
Кој ќе профитира од олабавување на санкциите?Фотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Токус како актуелен пример за поголем простор за дејствување на Иран го наведува договорот со еден германски трговец за доставување соја во Иран, со волумен од 14 милиони евра месечно. Пари, кои досега „лежеа“ во банка во Индија. Поголем увоз на прехранбени намирници и медицинска техника директно ќе биде од полза за населението, а олеснувањата за многу важната авто-бранша треба да донесат отворање работни места.

„Ослободените пари се само капка на жежок камен“

Иранскиот економски експерт Ахмад Алави, кој живее во Стокхолм, е помал оптимист. „Сумите кои ќе бидат ослободени за Иран во наредните шест месеци воопшто нема да бидат доволни за ситуацијата во која се наоѓа населението значително да се подобри“, вели Алави за ДВ. Тој оценува дека ќе бидат потребни околу 100 милијарди американски долари.

Weltwirtschaftsforum Davos 2014 Hassan Rohani
Рохани во Давос побара да се инвестира во неговата земјаФотографија: picture alliance/AP Photo

Надеж дава Светската банка, која за актуелнава година прогнозира пораст на иранската економија од 1%. Во 2015 година треба да биде забележан пораст од 1,8%, а во 2016-та од 2%. Иранското раководство со сите сили се обидува да го презентира договорот за атомската програма како можност. Иранскиот претседател Рохани во говорот на светскиот економски форм во Давос ги повика странските земји да инвестираат во неговата татковина.

Предуслов за тоа е стабилност во Техеран, нагласува експертот за Иран од универзитетот во Бирмингем, Скот Лукас. „Колку им е повеќе сеедно на странските фирми за дефицитите во делот на човековите права, толку им е повеќе важна пресметливоста на режимот. Инвеститорите сакаат да видат јасна линија. Ако се прошири впечаток дека Иран во секое време може да го смени курсот, тоа ќе ги исплаши инвеститорите“, нагласува Лукас за ДВ.