1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

1 спрема 0 за САД!

14 јули 2006

Целосно климатизираниот шатор направен од британскиот концерн Бритиш петролеум им понуди место на илјада и 280 гости. Официјалното отворање на транскавакскиот нафтовод БТЦ – Баку - Тбилиси – Чејхан, се случи вчера во труското пристаниште на Средоземното море, Чејхан.

https://p.dw.com/p/AeLO
Меѓу големите добитници од нафтоводот е и Турција
Меѓу големите добитници од нафтоводот е и ТурцијаФотографија: AP

1 спрема 0 за Соединетите Американски Држави. Тоа е голот што се славеше вчера во турското пристаниште Чејхан со голема помпа. Во старата голема игра меѓу Америка и Русија во битката за доминација на нафтата и гасот во Кавказ и во Централна Азија, Вашингтон е за глава понапред. По 4 години градење влезе во погон илјада и 800 километри долгиот и скоро 4 милијарди скапиот нафтовод кој годишно ќе прерфла 50 милиони тони нафта најмалку во наредните 40 години. Од Баку преку Тбилиси до турското пристаниште Чејхан и од таму до Америка и Европа. Се разбира има и ризици, вели политологот Наталија Антелејева:

„Пред неколку месеци патував по должината на нафтоводот и се разбира бев одушевена, но сепак има проблеми за кои не се зборува многу. На пример грузискиот национален парк низ кој никако не смееше да минува ова цевка, потоа проблемите во Азербејџан со корупцијата, или обесштетувањето на селаните кои мораа да ја дадат својата земја. Се разбира, во славеничка атмосфера за тоа малку се зборува„.

За опасностите што постојат за човековата околина знаеја сите учесници од самиот почеток. Но, тоа не ги спречуваше банките да учествуваат во финансирањето. Критичарите велат: парите се меѓународни, но не и стандардите по кои се градеше. Еколошкиот активист од Грузија Бокучева се информираше кај Бритиш петролеум за ризиците и она што го слушна не звучеше пријатно:

„Според нивните податоци само во една катастрофа за 20 минути би истекла околу 5 илјади барели нафта, а службите за безбедност можат да реагираат токму по 20 минути, Тоа е чиста катастрофа. Кога почнавме со протетсите, тогашниот претседател Шеварнадзе рече дека тој гарантира оти ништо нема да се случи. Каде е сега и каде ќе биде по 5 или десет години„?

Меѓутоа, политичките предности победија над еколошките сомнежи. И покрај масовните отпори, САД ја издејствуваа сегашната марш-рута. Голем добитник во големата игра е и Турција. Голем дел од нафтоводот, значи околу илјада и 100 километри минуваат низ нејзината територија, а тоа се 300 милиони долари годишно само за такси. Дневно од Чејхан набргу во танкерите ќе се товарат милион барели. На тој начин со новиот нафтовод ќе се покриваат 8 проценти од светската трговија со нафта.