200 мртви во налетот на циклонот „Сидр„
16 ноември 2007Реклама
Најмалку 200 лица загинаа во налетот на циклонот Сидр во југозападниот дел на Бангладеш. Според информации на властите најголем дел од загинатите настрадале од откорнати дрвја. Тропската бура е проследена со ветер со брзина од 240 километри на час и поројни дождови. Уништени се илјадници куќи од ламарина и бамбус. Евакуирани се повеќе од 350.000 луѓе. Во меѓувреме Сидр се движи во насока на север кон главниот град Дака. За големи штети се јавува и од Индија.