1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2009-та ќе задоцни една секунда

Агенции22 декември 2008

Новата 2009 година ќе мора да „почека“ една секунда пред и официјално да пристигне, соопштија меѓународните експерти за времето.

https://p.dw.com/p/GEkJ
2008-ма најдолга година по 1992-раФотографија: BilderBox

Според експертите, на крајот од оваа година ќе биде додадена уште една „престапна“ секунда, со цел да се постигне синхронизација на службените атомски часовници со ротацијата на Земјата.

BdT Silvester und Neujahr
Оваа година ќе прославиме една секунда подоцнаФотографија: dpa - Report

Иако ротацијата на Земјата трае 24 часа, мали варијации можат да доведат до расчекор меѓу атомското време и она што го покажуваат атомските часовници, кај кои нема никакви отстапки.

Ова ќе биде 24-то усогласување на времето од 1972-ра година, што го спроведува Меѓународната служба за следење на ротацијата на земјата со седиште во Париз. Последното усогласување беше на преминот од 2005-та во 2006-та година.

Со дополнителната секунда, престапната 2008-ма ќе биде најдолгата година по 1992-ра.

Историски, времето се базира на ротацијата на Земјината топка околу сонцето. Земјата прави една ротација околу сонцето за приближно 365,2422 дена и поради тоа секоја „престапна“, односно четврта година, се додава по еден ден во февруари. Ова се прави со цел да се обезбеди усогласеност на календарската со астрономската година.