1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2011 е одлучувачка година за еврото

17 јануари 2011

Дали еврото ќе ја загуби довербата кај милијарди луѓе? Дали ќе бидат доволни пакетите за спас што ги скроија политичарите во ЕУ? Прашања на кои се чека одговор во Новата 2011 година!

https://p.dw.com/p/zttM
Ќе успее ли еврото да го положи тестот пред кој го ставија шпекулантите и политичарите?Фотографија: picture-alliance/dpa

Еврото во Германија беше воведено пред девет години. Што се однесува до новата валута, на почетокот Германците беа скептични, но во меѓувреме речиси две третини од нив го прифатија еврото како платежно средство во земјата. „Да, мислам дека е добро што го имаме еврото. Со него можеме да плаќаме и во странство. Тоа е многу практично и добро“, вели еден маж. „И во продавниците, сосема е поинаку кога се пресметува во една валута“, вели овој човек од Берлин.

No Flash Verbraucherpreise Eurozone Euro Preise
Предноста за граѓаните е што можат да плаќаат во евра речиси секаде во ЕвропаФотографија: AP

Половината од Германците сакаат еврот да остане и понатаму платежно средство во земјата. Но, останатиот дел од Германците се скептични: „Сметам дека не е баш така како што ни велеа: нема ништо да поскапи и се’ ќе остане како и досега. Мислам дека еврото донесе и многу негативности со себе. Па сепак, не се сложувам и не учествувам во дискусијата дека германската марка треба повторно да се врати“, вели оваа Берлинчанка. Пред девет години Германците се простија од нивната омилена германска марка. Но, еврото добро му дојде на германското стопанство, поради тоа што Германија е трговска земја и многу тргува во Европа. Така од година во година вербата во еврото кај Германците се’ повеќе растеше, се’ до еден одреден момент: „Се’ до почетокот на минатата година, кога Грција стана голем проблем. Тогаш вербата во еврото драстично опадна, а не може да се опорави ни до денес“, објаснува Ренате Кехер од Институтот Аленсбах.

Важен е добриот однос кон еврото

D-Mark Scheine
Носталгијата по германската марка кај Германците е големаФотографија: picture-alliance / ZB

Оној кој сака и да профитира од еврото треба добро да се однесува со него. Затоа во Брисел шефовите на влади се обидуваат да сторат нешто против задолжувањата на финансиски послабите европски земји. Германците стравуваат дека на крајот тие ќе треба да се грижат за целиот систем да не се распадне. -„Одговорните од повисоките кругови треба да внимаваат да не се расфрлаат парите, туку наместо тоа парите да се вложат во стабилизација на еврото“, вели овој млад човек.-„Сметам дека не може да се избегне создавање европска буџетска политика, а не таква што ја водат националните држави. За тоа мора да се создадат соодветни инструменти,“ вели еден друг. -„Мислам дека во моментов имаме многу компликувана ситуација. И покрај тоа што ги следам работите, во моментов немам никаков совет или решение за ваквата ситуација“, вели оваа Берлинчанка.

Соодветно решение во моментов немаат ниту политичарите во Берлин. Останува да видиме какви решенија ќе изнајдат во Новата 2011 година.

Автор: Маргрет Штефен / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски